Пораз и победа за кадетите и младинците на ФК Вардар, на гостувањата кај екипата на Работнички. Денес на теренот на Алумина, вардаровите екипи го одиграа 13.првенствено коло.
Кадетите на Работнички излегоа како победници во дуелот со Вардар. Домашниот тим головите ги постигна во 26 и во 53.минута од дуелот. Ова беше осми пораз за кадетите на Вардар сезонава.
Вардар: Андов, Мирчевски, Митревски, Хасановиќ, Ристовски, Андоновски, Ѓурковски, Манасиевски, Зендели, Спировски, Цури.
Во игра влегоа уште и Рушити, Попоски, Миленковски и Т.Мирчевски.
Младинците пак стигнаа до десеттата победа во лигата, откако на теренот на Алумина ги совладаа врсниците од екипата на Работнички. По првото полувреме, црвено-црните имаа водство од 0:1 со голот на Јакуп Бериша, во 26 минута од натпреварот. Во вториот дел, односно во 69 минута, Вардар ја удвои предноста преку Бојан Димоски за 0:2. До крајот на мечот, во 87 минута, домашниот тим постигна почесен гол и ги постави конечните 1:2 на овој натпревар.
Вардар: М.Велковски, Радевски, Наумчески, М.Младеновски, Талески, Димоски, Бериша, Д.Велковски, А.Младеновски, Реџепи, Петковски.
Во игра влегоа уште и Игнатов, Ѓорѓиески и Пешевски.