Thursday ,12 December 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на Вардар го “прегазија„ Работнички, избраниците на Кралевски доминираа на градското дерби
Пионерите на Вардар го “прегазија„ Работнички, избраниците на Кралевски доминираа на градското дерби

Пионерите на Вардар го “прегазија„ Работнички, избраниците на Кралевски доминираа на градското дерби

Полесно од очекувањата пионерите на ФК Вардар славеа во дербито од 13.коло против екипата на Работнички. Црвено-црните сите дилеми околу победникот ги решија во првиот дел, кога имаа високо водство од 3:0, додека во вториот дел противникот постигна почесен гол.

Тренерот Кралевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Китановски, Асани, Крстевски, Величковиќ-Радуловиќ, Петејчук, Гугуљанов, Трајановски, Речица, Салиу, Туша, Омерагиќ (c).

Првата поконкретна прилика ја имаше гостинската екипа, но одбрани Китановски кој не дозволи негатива за својот тим. Вардар успеа да ги искористи своите шанси во првиот дел и да има висока предност. Првиот директен удар во редовите на Вардар го имаше Омерагиќ, но одбрани голманот на Работнички.

1

Вардарци успеваат да го отворат резултатот преку капитенот Азер Омерагиќ кој успеа при една акција да стигне прв пред голманот и да го лобува за предност од 1:0. Набргу стигна и втор гол кога повторно успешно е проигран Азер Омерагиќ, кој бие од некаде 11.метри, прецизно за водство од 2:0.

3

Имавме контрола на резултатот, но и на играта, често се обидувавме да создадеме некоја прилика за погодок. Така беше и во ситуацијата кога Харбин Речица немаше среќа при еден удар од голема далечина, топката ја допре пречката и не заврши во гол аут. Работнички имаше два обиди за намалување на резултатот, но денес присебен и на високо ниво беше нашиот голман Китановски кој не дозволи да се тресе неговата мрежа, во два наврати сериозно биеаа играчите на гостинскиот тим, но нашиот голман успешно одбрани.

4

До крајот на првиот дел, избраниците на Кралевски успеаа да го зголемат водството и тоа со голот на Мартин Радуловиќ-Величковиќ кој најдобро се снајде при една мешаница во противничкиот шеснаесетник, откако нафрли од прекин Трајановски. Со голот на Величковиќ-Радулович го зголемуваме водството на 3:0, што беше и резултат на полувреме.

5 6 7

Убедливото водство ни донесе мирна игра во вториот дел, во кој падна само еден гол и тоа во нашата мрежа. Измена прва направи тренерот Кралевски, од игра го повлече Салиу, на негово место влезе Фазлиу. Од прекин се обиде гостинсакта екипа, но ударот оди високо над голот. Работнички имаше можност и порано да го намали резултатот, но чист гол спаси Величковиќ-радуловиќ кога отстрани една топка од гол линијата. Во следните минути, противникот постигна почесен гол и намали на 3:1. Втора измена во нашите редови, од игра излезе Речица, на негово место е Хасани. До крајот на натпреварот за одбележување е добрата прилика на Омерагиќ, кој бие со глава, но голманот со крајни напори одбрани и ја исфрли топката во корнер. Крај на натпреварот, победа за пионерите вкупно осма оваа сезона.

Вардар моментално е лидер со два бода повеќе од екипат на Академија Пандев, која треба утре да го одигра 13.коло во кое гостува на екипата на Шкендија.