Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите на РК Вардар го совладаа тимот на Филипос Верија од Грција со 11 гола предност
Кадетите на РК Вардар го совладаа тимот на  Филипос Верија од Грција со 11 гола предност

Кадетите на РК Вардар го совладаа тимот на Филипос Верија од Грција со 11 гола предност

Денес во малата сала при С.Ц “Јане Сандански“ во Скопје се одигра пријателски дуел помеѓу кадетите на РК Вардар и тимот од Грција, Филипос Верија од Верија. Гостите покрај тестот со нашите момци ќе присуствуваат на мечот помеѓу Вардар и Киелце од лигата на шампионите на ЕХФ. На пријателската средба избраниците на Будимир и Станковски покажаа класа разлика и победија со резултат 34-23 (16-11)

q2

Дуелот почна со наше водство ние погодивме за почетни 1-0, преку Савревски, но ривалот во првиот нивни напад успеаа да изедначи на 1-1, тоа беше прв и последен пат да имаат активен резултат на оваа средба. Ние со два врзани гола преку Савревски и Бојан Чакалиќ поведовме со 3-1, но грците се вратија во игра и по 11.минути намалија на 5-4 и  имаа конта за реми сепак стативата беше наш сојузник. Ја започнавме нашата препознатлива игра во одбраната, во нападот казнувавме па на средината од првиот дел поведовме со  четири позитива 8-4, по што клупата на противникот го искористи првото право на “минута одмор“. Следеше пад во нашата игра со серија 0-3, грчкиот тим дојде на минимална негатива од 8-7. Веднаш заигравме посериозно и  тоа донесе серија 4-1, со голот на Мирчевски од пенал во 24.минута се вративме на “плус четири“ 12-8. Највисоките шест гола предност во првиот дел ги имавме при 15-9, кога погоди Атанасовски во 27.минута. На одмор заминавме со резултат 16-11 во наша корист.

q4

Вториот дел го отвориме со два гола, по контрата на Чакалиќ поведовме со 18-11 во 33.минута од дуелот. Со мини серија од 1-3, грчкиот тим не врати на “пет плус“ 19-14 во 37.минута од натпреварот. Недозволивме да ни се доближат, во одбраната врзавме неколку добри одбрани тоа го казнивме со четири гола во офанзива за 23-14, момент по кој веќе се беше решено околу победникот на денешниот меч. Од минута во минута само ја зголемувавме предноста која отиде во двоцифрена рамка. На крајот победивме со високи единаесет гола, односно со резултат 34-23.

q3

Кај нас на овој дуел Давид Стојковски имаше 9 одбрани,  Бојан Чакалиќ постигна 6 гола, Дамјан Србиновски го заврши мечот со   5 погодока, а 4 успешни удари во мрежата имаа:  Давид Савревски.  Давид Мирчевски и Андреј Пешевски.