Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Со 20 победи од исто толку натпревари вардаровата генер. “2007„ го заврши есенскиот дел од сезоната во детската лига
Со 20 победи од исто толку натпревари вардаровата генер. “2007„ го заврши есенскиот дел од сезоната во детската лига

Со 20 победи од исто толку натпревари вардаровата генер. “2007„ го заврши есенскиот дел од сезоната во детската лига

Со нови две победи, вкупно 20, генерацијата на ФК Вардар родени “2007„ година го завршија есенскиот дел од сезоната во детската лига. Утрово на терените на ФФМ, момците на Горан Петрески славеа во дуелите со екипите на Нова Колонија и Форца.

Вардар (1) за противник ја имаше екипата на Нова Колонија, која ја совлада убедливо со резултат од 6:0. Противникот даде отпор само во првиот дел, кога вардарци имаа минимално водство од 1:0. Филип Смилков го постигна првиот гол за Вардар, но и го имаше првиот обид кон голот на Нова Колонија. Првиот заврши покрај голот, но затоа во вториот успеа да погоди и да му донесе водство на Вардар од 1:0, после несигурност во одбраната на противникот.

2

Добра прилика за израмнување имаше тимот на Н.Колонија, кога при една мешаница во нашиот голмански простор се создаде прилика за противникот, еден од нивните играчи шутираше, но одбрани голманот Лука Јаневски. Од прекин се обиде и Грашески, кој шутира покрај голот, како и Злате Радески, чиј удар го одбрани голманот.

1 4

Во вториот дел дојде до целосен израз квалитетот на Вардар и подобрата физичка подготовка. На стартот на вториот дел успеваме да го зголемиме водството на 2:0, со голот на Стефан Младеновски, кој искористи одбиена топка, после ударот на Томовски, голманот во првиот обид одбрани, но не и во вториот кога прецизно бие Младеновски. Нова добра акција за избраниците на Чунга Лунга, но немавме среќа кога Битиќи ја погоди само стативата. Се редеа шансите пред голот на Нова Колонија, во следните минути обиид имаше Грашески, во првиот му одбрани голманот, во вториот се сам направи шутна само покрај голот. Се закани и противникот, но на место е Лука Јаневски.

3

Следуваат два брзи гола за Вардар и двата за Стефан Младеновски. Најпрво Томовски му асистира на Младеновски за водство од 3:0, а потоа и Смилков со асистенција и повторно Младеновски погодува за убедливи 4:0. До крајот на натпреварот постигнавме уште два гола. Најпрво резултатот на 5:0 го зголеми Злате Радески, за конечните 6:0 на мечот да бидат дело на Александар Грашески.

Победа убедлива забележа и екипата на Вардар (2) во дуелот со Форца. Првата голема прилика за отварање на резултатот ја имаше Форца, која бие покрајн нашиот гол. Сепак Вардар е тимот кој успева прв да стигне до предност од 1:0. Добра акција на Вардар која ја започна Битиќи кој додаде до Јордановски, а овој несебично до Рајчин, кој погодува за почетно водство. Истиов играч успеа да зголеми и на 2:0 и тоа со удар од белата точка. Најпрво Лука Рајчин биеше од голема далечина, но голманот одбрани и исфрли од корнер, тоа беше трета корна што ја направи Форца, што значеше и казнен удар.

5

Истиот успешно го реализира Рајчин. Одлично играше Вардар на овој дуел, беше многу поконкретен поборбен и почесто создаваше шанси за голови. Една од тие користи Михаил Јордановски кој зголеми на 3:0. откако во улога на асистент се најде Блажевски. Уште еднаш се закани Рајчин, но одбрани голманот. Михаил Јордановски и на овој меч имаше свое гол шоу и за краток период стигна до хет-трик. Откако прво биеше Рајчин, а голманот одбрани, на одбиената топка стигна Јордановски кој ја смести во мрежата, за водство од 4:0.Истиов играч после една добра акција на неговите соиграчи, успева да ја круниса со гол за предност од 5:0. До крајот на првиот дел видовме уште два гола, по еден во двете мрежи. Најпрво со голот на Битиќи зголемивме на 6:0, за Форца да постигне прв гол од пенал, откако направивме три корни, за резултат од 6:1 на полувреме.

6 7

Првиот гол во второто полувреме го постигна екипата на Форца, откако беше направен фаул за пенал, успешно реализираат за намалување на 6:2. Вардар веднаш врати со нов, четврти гол за Михаил Јордановски, кој повторно на асистенција од Иван Блажевски зголеми на 7:2. Трет гол во нашата мрежа постигна екипата на Форца за намалување на 7:3. Вардар сакаше да постигне поубедлива победа и во тоа успеавме. Со својот петти гол денес, Михаил Јордановски успеа да зголеми на 8:3, додека конечните 9:3 беа дело на Лука Рајчин кој од прекин со силен удар ја погоди мрежата на Форца, откако претходно топката ги погоди двете стативи од голот на противникот. Добри на својот гол денес беа Исајловски и Спасовски кои имаа неколку одбрани.