Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар (1) генер. “2009„ стигна до својата деветта победа во детската лига, шестти пораз за Вардар (2)
ФК Вардар (1) генер. “2009„ стигна до својата деветта победа во детската лига, шестти пораз за Вардар (2)

ФК Вардар (1) генер. “2009„ стигна до својата деветта победа во детската лига, шестти пораз за Вардар (2)

Со победа и пораз, вардаровата генерација “2009“ го заврши есенскиот дел од сезоната во детската фудбалска лига.

Вардар (1) успеа да стигне до својата осма победа во лигата, откако го доби натпреварот со екипата на Њу Старс (1). На овој меч избраниците на Зоран Петковски славеа убедливо со резултат од 6:1. Уште по првото полувреме ги решивме дилемите околу победникот, кога по првите 20 минути имавме убедливо водство од 3:0. Резултатот на овој натпревар го отвори Јаков Стојковски кој погоди за водство на Вардар од 1:0. Демонстриравме одлична игра и на овој меч, создавајќи многу шанси кон противничкиот гол. Даниел Колевски беше играчот кој успева да го зголеми водството за Вардар од 2:0, додека резултатот 3:0 по првиот дел го постави Вито Павлов кој погоди од пенал.

Во вториот дел исто така го надигравме тимот на Њу Старс, а првиот директен удар во овој дел од мечот го имаше Стојковски кој шутира покрај голот. Сепак истиов играч успеа да зголеми на 4:0 откако со силен удар од голема далечина ја затресе мрежата на противникот. Се закани и Михајловски како и Павел Котески Митроски и тоа со два удари, кои ги брани противничкиот голман. Стојковски имаше можност за нов гол, но ја погоди само пречката, додека Колевски шутира само покрај голот. Во листата на стрелци се запиша и Дарин Михајловски кој погоди за предност од 5:0. Екипата на Њу Старс имаше можност да постигне гол, но ја погодија само пречката, а повторно удар имаше Котески – Митроски, кој остана нереализиран. На нашиот гол се истакна и Марко Баснарков кој одбрани удар на протитвникот. Откако направивме три корни беше досуден пенал за Њу Старск, кој го реализираат за намалување на 5:1. До крајот на мечот уште еден гол во мрежата на Њу Старс, дело  на Вилијам Ангеловски кој погоди од пенал, за конечни 6:1. Вардар (1) го заврши есенскиот дел од сезоната без пораз, со девет победи и само еден нерешен резултат.

Вардар (2) не успеа да победи го загуби мечот со екипата на Албарса, иако по првото полувреме имавме предност од 2:1. Екипата на Албарса беше таа која прва го отвори резултатот и поведе со 0:1. Прв директен удар кон противничкиот гол имаше Максим Павловски, додека стигна израмнувањето на 1:1 преку Сулејман Качман. Нашиот голман, Матео Најдовски имаше исто така неколку интервенции, додека Андреј Кралевски имаше удар покрај голот. Добар обид за Качман кој бие, но голманот на Албарса одбрани со крајни напори. До крајот на првиот дел правиме резултатски пресврт, кога за 2:1 погоди Максим Павловски.

На стартот на вториот дел, Албарса успева да постигне гол и да го израмни резултатот на 2:2, а Качман немаше среќа кога ја погоди само стативата од голот. Голема прилика имаше Вардар преку Димитар Ацевски кој не успеа да погоди од непосредна близина. Многу поинаков можеше да биде исходот на натпреварот доколку реализиравме пенал преку Сулејман Качман, односно голманот на Албарса го одбрани ударот. Казната стигна до крајот на натпреварот, кога противникот постигна два гола и славеше со реззултат 2:4.

Вардар (2) има скор од три победи, еден нерешен резултат и шест порази после завршување на есенскиот дел од сезоната.