Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Јуниор лига: Победа за момците на РК Бисинов Вардар и РК Ангели во генер.2006/07
Јуниор лига: Победа за момците на РК Бисинов Вардар и РК Ангели во генер.2006/07

Јуниор лига: Победа за момците на РК Бисинов Вардар и РК Ангели во генер.2006/07

Денес  во СЦ „Јане Сандански” се доигруваше  третото коло од Вардар Јуниор лигата. Во генерација родени 2006/2007 кај момците се одиграа две средби во кој до победи екипите на РК Бисинов Вардар и РК Ангели Вардар.

2

Во првиот дуел во оваа категорија момците на РК Бисинов Вардар од Велес од го совладаа тимот на РК Будимир Вардар од Скопје со резултат 16-10.  Дуелот почна со по еден гол на двете страни за почетни 1-1 на семафорот. Велешани влегоа во серија потоа и со 6-1, се одлепија на пет гола предност 7-2. Тие успеаа да ја зголемат предноста и на одмор заминаа со резултат 9-3 во нивна корист на овој дуел од Јуниор лигата.

3

Во вториот дел двата тима отворија како и во првиот период од 15.минути како што се игра во оваа генерација со по еден гол во противничката мрежа за 10-4. Велешани имаа и по воведните 2.минути шест плус. До крајот се одигра рамнопраен натпревар, скопските момци успеваа на головите на Бисинов да одговорат со иста мерка до крајот. Натпреварот заврши со триумф за Бусинов со резултат од 16-10.

6

Во вториот дуел РК Ангели Вардар лесно се справија со тимот на РК Делчево Вардар и го совладаа со високи 19-5. Најпрвин на почетокот на мечот имаа 6-0, по што клупата на Делево Вардар побара минута одмор. Но и тоа не го сопра нивниот пад губеа потоа и со 9-0. Делчево конечно намали со нивниот прв гол за 9-1, а ривалот им постигна уште четири гола и на одмор заминаа со предност од 13-1.

3

Скопските момци успеаа да поведат на почетокот на вториот дел со 13 гола позитива 14-1. Конечно делчевци покажаа квалитет па до крајот на мечот успешно парираа во ракометната игра. Тие успеаваа да влезат во игра гол за гол и да го ублажат поразот, на крајот беа совладани со  резултат 19-5.

4