Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Без голови во Турново, Вардар заминува на пауза како второпласиран
Без голови во Турново, Вардар заминува на пауза како второпласиран

Без голови во Турново, Вардар заминува на пауза како второпласиран

Академија Пандев и Вардар ги поделија бодовите откако денеска одиграа еден крајно неатрактивен натпревар во Турново. Вардар беше поконкретен во првиот дел, додека пак домаќинот во вториот. Со овој натпревар, завршува есенсиот дел од сезонава во ПМФЛ.

На лошиот терен за игра во Турново, А.Пандев и Вардар одиграа без голови по првите 45 минути. Мирно, со претпазлива игра на двете страни и со по една до две шанси мина првиот дел денеска. Вардарци се заканија уште во 9 минута преку Антовски кој биеше од 20-сетина метри само крај голот на домашниот голман. Во 29 минута Јуфо ја имаше најголемата шанса на дуелот, доби одлична топка од Тошески, и наместо да бие, голманот излезе и ја прифати таа топка и пропадна најголемата шанса во првиот дел. Домаќинот се закани на неколку наврати, но без посериозни проблеми по Гачевски.

Во Вардар на стартот од вториот дел во игра влезе Цветаноски на местото на Антовски. Во 59 минута и Исени влезе кај Вардар на местото на Јуфо. Првите 15-сетина минути од вториот дел минаа со блага иницијатива на домаќините, но и без посериозни шанси за погодоци. Првиот удар кон противничкиот гол Вардар во вториот дел го имаше дури во 67 минута кога Битанг се обиде од преку 25 метри и биеше крај голот. Во 71 минута кај Вардар влезе и последниот “џокер” Бериша, а излезе денеска незабележливиот Ибиши. Кон крајот на дуелот домаќините имаа две големи шанси да дојдат до гол и победа, но сепак Гачевски го спаси Вардар од пораз и со резултат 0:0 заврши дуелот.