Медија тимот на СЕХА лигата го избира најдобриот тим за месец ноември. Во него место имаше за играчот на Вардар, Јана Војводиќ кој е избран за најдобар среден бек. Во ноември, црвено-црните одиграа два натпревари против Нексе и Извиѓач, на кои забележаа победи. Во дуелот со Извиѓач, Војводиќ постигна шест голови, додека против Нексе беше стрелец на два гола.
Вака изгледа најдобриот тим на СЕХА-лигата за месец ноември:
голман – Тудор Станеску (Стеауа)
лево крило – Ведран Делиќ (Извиѓач)
лев бек – Халил Јагањац (Нексе)
среден бек - Јања Војводиќ (Вардар)
десен бек – Бруно Буторац (Татран Прешов)
десно крило – Томас Чип (Татран Прешов)
пивот – Мартин Јохансон (Стеауа)
тренер – Славко Голужа (Татран Прешов)