Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Трет последователен триумф за пионерите на РК Вардар, “падна„ и Аеродром
Трет последователен триумф за пионерите на РК Вардар, “падна„ и Аеродром

Трет последователен триумф за пионерите на РК Вардар, “падна„ и Аеродром

Пионерите на ракометниот клуб Вардар стигнаа до третата последователна победа во рамките на групата 1 од пионерската лига. Вечерва во С.Ц. Јане Сандански избраниците на Зоран Петковски и Никола Бисинов убедливо ја совладаа екипата на Аеродром.

Гостинската екипа имаше само едно и единствено водство и тоа за отварање на резултат, а остатокот од мечот помина во доминација на црвено-црните. Набрзина постигнавме пет гола во серија и поведовме со 5:1 и уште на стартот од дуелот се одлепивме од противникот. За момент гостинската екипа намали на 6:3, но вардарци вратија со два гола и поведоа со највисоки пет гола разлика (8:3). До крајот на првиот дел ја одржавме предноста, Аеродром успеа во еден момент да стигне до три гола негатива, но на одмор се замина со предност на Вардар од 12:8.

Сите дилеми за победникот ги решивме на стартот на второто полувреме, кога успеавме да направиме серија од 4:0 и да поведеме со највисоки осум гола разлика (16:8). Тука го откажавме противникот од сите обиди да се врати на натпреварот. Тренерот Петковски им даваше шанса за настап на сите играчи, што говори фактот дека сите играчи освен Гочев и голманите се запишаа во листата на стрелци на овој натпревар. До крајот на натпреварот само растеше предноста во наша корист, стигнавме и до двоцифрени 22:11, а последните минути од мечот беа рутина за момците на Зенга, кои на крајот триумфираа со резултат 25:13.

Вардар: Стојановски 2, Младеновски 1, Табаков 1, Славевски 1, Аритонов 1, Гочев, Ристевски 2, Стојановски, Петрушевски 2, Трајановски 1, Тодоровски 2, Колевски, Стојменов 4, Петковски 2, Трифуновски 2, Анакиевски 4. 

Во следното 6.коло гостуваме кај екипата на Јуниор Кисела Вода. Вардар има скор од три победи и еден пораз во лигата.