По крајот на возбудувањата во лигата на шампионите на ЕХФ, црвено-црните им останува во оваа 2018 година да ги одработат обврските во регионалната СЕХА лига пред зимската клубска пауза. Следен на ред за одигрување дуел во ова натпреварување е македонскиот “двобој“. Вардар гостува кај тимот на РК Металург.
Натпреварот се игра утре, среда, 5.декемви со почеток во 20-15 часот во Спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје. од истиот тие кои нема да бидат во сала ќе може да проследат директен пренос. Македонската радио и телевизија ќе врши пренос на нивниот прв програмски канал, како и Арена Спорт 4.