Saturday ,04 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Јана Војводиќ во најдобриот тим на СЕХА-лигата за месец ноември
(ВИДЕО) Јана Војводиќ во најдобриот тим на СЕХА-лигата за месец ноември

(ВИДЕО) Јана Војводиќ во најдобриот тим на СЕХА-лигата за месец ноември

Медија тимот на СЕХА лигата го избира најдобриот тим за месец ноември. Во него место имаше за играчот на Вардар, Јана Војводиќ кој е избран за најдобар среден бек. Во ноември, црвено-црните одиграа два натпревари против Нексе и Извиѓач, на кои забележаа победи. Во дуелот со Извиѓач, Војводиќ постигна шест голови, додека против Нексе беше стрелец на два гола.

Вака изгледа најдобриот тим на СЕХА-лигата за месец ноември:

голман – Тудор Станеску (Стеауа)

лево крило – Ведран Делиќ (Извиѓач)

лев бек – Халил Јагањац (Нексе)

среден бек - Јања Војводиќ (Вардар)

десен бек – Бруно Буторац (Татран Прешов)

десно крило – Томас Чип (Татран Прешов)

пивот – Мартин Јохансон (Стеауа)

тренер – Славко Голужа (Татран Прешов)