Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на ФК Вардар загубија во дербито од Шкендија и ги намалија шансите за освојување на титулата
Младинците на ФК Вардар загубија во дербито од Шкендија и ги намалија шансите за освојување на титулата

Младинците на ФК Вардар загубија во дербито од Шкендија и ги намалија шансите за освојување на титулата

Младинците на ФК Вардар за жал го загубија денешното дерби од екипата на Шкендија и на тој начин ги намалија шансите дека можат да се надеваат на освојување на шампионската титула. Противникот од Тетово се покажа како посилен и на крајот триуфираше со резултат 2:3.

Тренерот Андовски стартуваше со следниве 11-сетмина: М.Велковски, Радевски, Наумчески, Младеновски, Димоски, Ибиши, Бериша, Д.Велковски, Адем, Тасев, Антовски.

Иако гостинската екипа имаше водство од 0:2, нашите младинци не се предадоа и само за две минути успеаа да постигнат два гола и да го израмнат резултатот и тоа во последните минути од првото полувреме. Најпрво во 44 минута резултатот на 1:2 го намали Џемал Ибиши, додека во следната минута или во судиското продолжение од првиот дел беше досуден пенал за Вардар, кој успешно го реализира Јакуп Бериша. Така на одмор се замина со нерешени 2:2. Сепак во вториот дел, екипата на Шкендија се покажа како посконцентрирана и успеа да постигне нов гол и на крајот да триумфира со резултат 2:3.

Ова беше втор пораз за Вардар сезонава и двата од екипата на Шкендија, која се одлепи на врвот на табелата со осум бода повеќе од вардарци. Со оглед дека Шкендија има максимален број на освоени бодови после 13 одиграни кола ќе биде многу тешко до крајот на сезоната да се надеваме на чудо.