Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Фала ти за се Тигран!
Фала ти за се Тигран!

Фала ти за се Тигран!

За голема жал на навивачите, Тигран Барсегјан и дефинитивно повеќе не е играч на ФК Вардар. Барсегјан ќе го паметиме само по убави нешта. Дојде во Вардар во 2016 година. Имаше здравствени проблеми. Ги надмина и во голем стил се врати на тогашните пријателски средби на Вардар во Анталија и стрелаше против Терек Грозни за победа. Од тогаш па се до ден денес, Вардар во своите редови има вистински мајстор на фудбалската игра.

Вардаровите навивачи сигурно нема да ги заборават неговите блескави моменти на патот кон групите на Лигата на Европа и оној фантастичен погодок во Скопје против Фенербахче, кога буквално го посрамоти Шкртел и го матираше Камени за голема радост и водство на Вардар од 1:0. На крај, Вардар испиша историја и се пласираше во групна фаза на едно големо натпреварување.

Вардар Фанс“ му се заблагодарува на Тигран за сиве овие прекрасни години минати во нашиот дрес, за сите голови и убави моменти кои им ги подари на вардаровите навивачи.

Уживајте!