Задутре, среда вардарци со почеток во 20:15 часот ќе го одиграат последниот натпревар пред домашната публика за 2018 година. Станува збор за меч од регионалната СЕХА лига против тимот на Татран, до крајот на годината имаме и гостување кај Стеауа во Букурешт. Вардар е лидер, а гостинот Татран е на делба на второто место, за овој интересен натпревар во регионалната конкуренција тренерот и капитенот на вардарци излегоа со свои видувања.
Роберто Парондо: Ни претстои нов натпревар во СЕХА против одлична екипа, која игра во Лигата на шампионите. Очекувам тешка средба. Нашата цел е да дојдеме до победа и ни претстои добра работа за да се подготвиме за да дојдеме до триумф на оваа средба. Ни остануваат уште две средби до крајот на овој дел од сезоната и очекувам да ги одработиме на потребното ниво.
Стојанче Стоилов: Овие мечеви пред крај на сезоната се секогаш тешки. Татран е незгоден противник и треба да го сфатиме сериозно. Потребни ни се две победи за да останеме на првото место во регионалното натпреварување.