Tuesday ,08 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи се есенски шампиони, кадетите најслабо рангирани, додека младинците се вицешампиони
Пионерските екипи се есенски шампиони, кадетите најслабо рангирани, додека младинците се вицешампиони

Пионерските екипи се есенски шампиони, кадетите најслабо рангирани, додека младинците се вицешампиони

Изминатиов викенд се одигра последното есенско 14. коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник ни беше екипата на Академија Пандев, дуели на кои забележавме две победи и два нерешени резултати.

Помладите пионери на успешен начин, со убедлива победа го завршија есенскиот дел од сезоната во лигата на првото место. Избраниците на Филип Деспотовски ја надиграа екипата на Академија Пандев и виоко ја поразија во Струмица (0:3). На тој начин црвено-црните се промовираа во есенски шампиони со 29 освоени бодови, исто колку што има и екипата на Победа, но Вардар има поодбра гол разлика. Работнички кој е исто така наш конкурент за трофејот направи голем “кикс“ на домашен терен играјќи само нерешено (2:2) со екипата на Ренова, откако “романтичаритее„ на полувреме имале предност од 2:0.

Најжестоко беше на пионерското дерби, во кое се сретнаа двете пласирани екипи на табелата. Немили сцени се случувале на овој меч, на кој во терен влегла и публиката, а и покрај сите притисоци Вардар не беше поразен на овој меч, напротив имаше долго време водство, но само поради нелогичното судиско надополнување од осум минути, А.Пандев се извлече и освои еден бод на овој дуел (1:1). Сепак избраниците на Кралевски се есенски шампиони со 28 освоени бодови, или два повеќе од екипите на А.Пандев и Работнички, кои имаат по 26.

Шанса за победа пропуштија и кадетите на Вардар кои имаа предност се до судиското надополнување, кога после изведен корнер, струмичани успеаа да постигнат гол и да ги постават конечните 1:1. Навистина треба да жалме со оглед дека бевме подобри на овој меч, но на крајот среќата ни го сврте грбот. Оваа генерација на Вардар предводена од Таневски ќе “презими„ на 7.место на табелата со 14 освоени бодови.

Победа за младинците на Вардар кои втор пат убедливо сезонава ја совладаа екипата на А.Пандев. Црвено-црните не пропутшија ништо на случајноста, триумфирајќи со резултат 3:0, иако според доминацијата и шансите, требаше да биде поубедливо. Екипата предводена од Андовски се есенски вицешампиони, со 34 освоени бодови или 8 помалку од екипата на Шкендија, која е лидер во младинската лига.