Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Парондо и Стоилов: Татран е тежок ривал, но за задржување на врвот ни треба победа
Парондо и Стоилов: Татран е тежок ривал, но за задржување на врвот ни треба победа

Парондо и Стоилов: Татран е тежок ривал, но за задржување на врвот ни треба победа

Задутре, среда вардарци со почеток во  20:15 часот ќе го одиграат последниот натпревар пред домашната публика за 2018 година. Станува збор за меч од  регионалната СЕХА лига против тимот на  Татран, до крајот на годината имаме и гостување кај Стеауа во Букурешт. Вардар е лидер, а гостинот  Татран е на делба на второто место, за овој интересен натпревар во регионалната конкуренција тренерот и капитенот на вардарци излегоа со свои видувања.

Роберто Парондо: Ни претстои нов натпревар во СЕХА против одлична екипа, која игра во Лигата на шампионите. Очекувам тешка средба. Нашата цел е да дојдеме до победа и ни претстои добра работа за да се подготвиме за да дојдеме до триумф на оваа средба. Ни остануваат уште две средби до крајот на овој дел од сезоната и очекувам да ги одработиме на потребното ниво.

Стојанче Стоилов: Овие мечеви пред крај на сезоната се секогаш тешки. Татран е незгоден противник и треба да го сфатиме сериозно. Потребни ни се две победи за да останеме на првото место во регионалното натпреварување.