Утре вечер со почеток од 20:15 часот во С.Ц. Јане Сандански, Вардар е домаќин на екипата на Татран Прешов во дербито од 12.коло на СЕХА-лигата. Тоа се екипите кои се наоѓаат во ТОП-4 на табелата и се големи претеденти за пласман на завршниот турнир, тоа посебно се однесува на Вардар кој се наоѓа на лидерската позиција. Оваа сезона и шампионот на Словачка игра одлично во ова натпреварување и по 11 одиграни кола има 24 бодови со кои се наоѓа на 2.место. Во пресрет на овој меч, Славо Голужа тренерот на Татран даде свои видување за овој дуел во кој вели:
-Вардар е еден од најдобрите тимови не само во СЕХА-лигата, туку и во Европа. Одиме во Скопје да се покажеме во добро издание и да извлечеме што е можно попозитивен резултат. Ова ќе биде друг дуел, за разлика од претходната наша средба. Сакаме да прикажеме добра игра без разлика што Вардар е далеку поквалитетен. Сигурен сум дека Вардар не респектира и така и ќе влезе на овој меч. Се надевам дека ќе играме на солиндо ниво во текот на сите 60 минути, само така можеме да се надеваме на добар резултат.
Билетите за овој натпревар се по цена од само 50 денари. Ова е последен меч за Вардар пред домашната публика, за оваа година.