Младинките на ЖРК Вардар утре, среда 12.декември ќе го одиграат последниот дуел во оваа календарска 2018 година. Станува збор за одложениот натпревар до 8.коло во младинската женска лига во кој ние сме гости на екипата на ЖРК Чаир од истоимената скопска населба.
Натпреварот е закажан со почеток во 20-00 часот во салата “7-ми Март“ во Чаир. Правдата ќе ја делат Лејла Јашар и Касарева Михаела. Вардарки и овде се на врвот како и во сениорската конкуренција, заедно со тимовите на Металург и Куманово се фаворити за титулата. Во последниот меч во оваа конкуренција на домашен терен го совладавме Металург со пресврт во вториот дел.