Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > Историја > Пред точно 58 години, на денешен ден, Вардар го почна походот за освојување на Купот на тогашна Југославија
Пред точно 58 години, на денешен ден, Вардар го почна походот за освојување на Купот на тогашна Југославија

Пред точно 58 години, на денешен ден, Вардар го почна походот за освојување на Купот на тогашна Југославија

.
Пред точно 58 години, на денешен ден, Вардар, најтрофејниот ФК во Македонија, го почна походот за освојување на Купот на тогашна Југославија. На 11 декември 1960 година, во Биело Поле, „црвено-црните“ во неизвесен дуел го елиминираа Јединство со победа од 2:1, а неполни шест месеци подоцна, на 28 мај 1961 година, во Белград, го кренаа трофејот на Маршал Тито, по блескавиот триумф над Вартекс со ист резултат.
.

Резултатот беше отворен во 50 минута, Владо Николовски беше стрелец на првиот погодок. Потоа три минути подоцна и Илиевски погоди за веќе предност од 2:0. До крајот на мечот тимот на Вартекс успеа само да намали на 2:1.

ФИНАЛЕ НА КУП НА МАРШАЛ ТИТО, 28.05.1961 ГОДИНА

ВАРДАР – ВАРТЕКС   2:1 (0:0)

Стадион на Југословенската Народна Армија во Белград. Гледачи: 15.000

Судија: Божо Станишиќ (Сараево).

Стрелци: 1:0 Николовски 50, 2:0 Илиевски 53, 2:1 Пикл 59

ВАРДАР: Георгиевски, Вучидолов, Анѓушев, Дацевски, Божиновски, Трајчевски, Илиевски, Николовски, Велковски, Дончевски, Шулинчевски.

ВАРТЕКС: Јурец, Црнковиќ, Матковиќ, Роњиќ, Родиќ, Крлежа, Храин, Пикл, Пинтариќ, Свибен, Франчешкин.

Видео: