Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров и Чупиќ први стрелци во Вардар, следи Криштопанс
Дибиров и Чупиќ први стрелци во Вардар, следи Криштопанс

Дибиров и Чупиќ први стрелци во Вардар, следи Криштопанс

Вардарци можат да се пофалат со добра сезона засега. Ракометарите се наоѓаат на втората позиција на табелата во групата А со пет бодови помалку од веќе извесно првата Барселона и еден повеќе од дури три екипи Келце, Рајн – Некар и Веспрем.

Кога се во прашање стрелците во Вардар во овие десет рунди, први на табелата се крилата на црвено – црните Тимур Дибиров и Иван Чупиќ. Потоа следуваат бековите Криштопанс и Карачиќ, а петтото место го делат Борозан и Скубе со ист број на постигнати голови.

Топ 5 листата на стрелци во Вардар во овој момент изгледа вака:

Дибиров 44
Чупиќ 43
Криштопанс 38
Карачиќ 33
Борозан и Скубе 29