Прегледот на есенскиот дел за генерациите на ФК Вардар во детската лига го започнуваме со генерацијата родени “2006„ година. Оваа генерација од почетокот на новата сезона ја предводи Филип Спасески. Се натпреварувавме со две екипи и одигравме вкупно 20 натпревари во есенскиот дел.
Вардар (1) на десет одиграни мечеви имаше девет победи и само еден и единствен пораз и тоа од шампионската екипа на Албарса, која последниве две години успеваше да ја освои детската лига, токму во финалињата со Вардар. На сите други дуели бевме сигурни и забележувавме убедливи победи.
Успеавме да постигнеме 66 голови, додека примивме 8 од кои половина беа на мечот со Албарса. Ова се сите постигнати резултати за овој тим на Вардар во есенскиот дел од сезоната:
1 коло: Вардар – Форца (1) 5:0
2 коло: Вардар – Албарса (1) 1:4
3 коло: Вардар – Фљамуртари 15:1
4 коло: Вардар – Работнички (1) 5:0
5 коло: Вардар – Албион 3:1
6 коло: Вардар – Њу Старс (1) 9:0
7 коло: Вардар – Куманово 5:1
8 коло: Вардар – Шкупи 8:0
9 коло: Вардар – Кул 3:0
10 коло: Вардар – Њу Старс (3) 12:1
Добра полусезона и за Вардар (2) кој прикажа солидна игра на мечевите од детската лига. Исто така одигравме десет натпревари, на кои забележавме седум победи, два нерешени резултати и еден пораз и тука на дуел со екипата на Албарса.
Имаме гол разлика од 39 постигнати и 16 примени голови. Ова се сите постигнати резултати за овој тим на Вардар во есенскиот дел од сезоната:
1 коло: Вардар – Форца (2) 2:1
2 коло: Вардар – Албарса (2) 2:3
3 коло: Вардар – Њу Јорк 7:1
4 коло: Вардар – Работнички (2) 11:1
5 коло: Вардар – Сарај 3:3
6 коло: Вардар – Њу Старс (2) 4:3
7 коло: Вардар – Еуроспорт 2:1
8 коло: Вардар – Скупи 2:1
9 коло: Вардар – Драчево 1:1
10 коло: Вардар – Њу Старс (4) 5:1