И оваа сезона, завршниот турнир во ракометната Лига на Шампиони ќе се одигра во Келн и тоа во познатата “Ланксес арената„ Ова ќе биде десетта последователна година за Келн како организатор на најдобрите четири екипи кои во два дена ќе се борат за Европската титула.
Вардар последниве две години беше дел од овој ракометен спектакл, а во 2017 година го подигна и трофејот во најголемото натпрварување, токму во “Ланксес арената„ а оваа година повторно беше дел од Ф4 во Келн, на кој го освои четвртото место. Завршниот турнир за оваа сезона е предвиден да се одигра на 1 и 2 јуни 2019 година. Се надеваме дека црвено-црните повторно ќе се најдат на Ф4 и ќе имаат нова можност за освојување на Европската титула.