Денес тимот на Вардар Јуниор во рамки на 14.коло од Супер лигата гостува во Битола кај тимот на ракометниот клуб Пелистер. Ова е дуел во кој домаќинот е фаворит, но момците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков ќе се обидат да изненадат.Натпреварот се игра во салата “Боро Чурлевски“ со почеток во 19-00 часот.
Ние сме претпоследни на табелата со девет бода, апак домаќинот кој е кандидат за плеј-офот има 26.бода и е на четвртото место. Судии на оваа средба се Вукашиновски Александар и Трајковски Марко од Скопје. На првата дуел во Скопје ние бевме во поголем дел од мечот подобри се до еден пад која со серија 0-9 зелено-белите го свртеа резултатот и победија на крајот со 30:24.