Лани КК Вардар играше за жал во најнискиот ранг на кошаркарско натпреварување во земјава Третата македонска кошаркарска лига. Вардар успеја да се “прошета“ низ истата и да влезе во Втората лига каде годинава ќе се натпреварува.
Но како и секогаш во овој наш црвено- црн колектив кој слободно може да кажеме дека е “најслабата алка“ од сите Вардарови колективи повторно има чудни одлуки и случувања. По последните информации во втората лига и ако требаше да играат два тима со името Вардар еден КК Вардар кој влезе во неа и ласнкиот учесник КК Вардар Апаве тоа нема да се случи. Вардар Апаве своето второлигашко место го остапува на тимот на КК Ангели, а во единствениот Вардар кој ќе настапува ќе има “фузија“ од двата персонални состави на тимовите. Ова е уште една од низата нејасни нетранспарентни и помалце чудни одлуки кој секогаш го следат Вардар како кошаркарски колектив.
На сето ова и навивачката група која секогаш го подржува КК Вардар нивните навивачи Комбат 87 реагираат , тие велат:
-Клубот не изразува желба за напредок се работи и инвесира само во младите кадри, клубот нема ни обична веб-страница . Навивачите се тотално разочарани и бараат од промена во управата на клубот која веќе неколку сезони по ред јавно кажува дека нејќе навивачи.
За крај нагласуваат дела и покрај сите сопки и несериозности во минатото кој ги доживееале :
Комбат 87 со самофинасирање не пропушти ниту еден натпревар во најтешката сезона на КК Вардар во ниската 3-та лига…но што е доста , доста е…САКАМЕ ПРОМЕНИ ЗА СИЛЕН ВАРДАР..