Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Горан Попов за Вардар ТВ: Сакам да останам во Вардар!
Горан Попов за Вардар ТВ: Сакам да останам во Вардар!

Горан Попов за Вардар ТВ: Сакам да останам во Вардар!

Во најновото издание на Вардар ТВ гостин беше Горан Попов. Интересен говор на Попов, околу тоа дали имал понуди од Англија, и дали ги одбил. Ви издвојуваме дел од интервјуто за Вардар ТВ:

Кој е според тебе најголемиот конкурент за титулата?
–  Па се подразбира дека ние сме, јас играм во Вардар, и не можам да кажам.. има конкуренти како Шкендија Работнички, но конкуренти сме ние. затоа што имаме искусни играчи, со новите играчи, покажуваме добар фудбал, тоа го покажавме и со Апоел, но немавме среќа… Но да се надеваме, секогаш во фудбалот е потребно време, да се воиграат играчите, новите тренер кои доаѓаат, да се надеваме дека следната година ќе се покажеме во подобро светло.

Дали мислиш дека овој Вардар е посилен од минатата сезона?
–   Па земавме неколку нови играчи везни, напаѓачи, можам да кажам дека со новите играчи да! сме појаки за разлика од минатата сезона, затоа се надеваме и на поголем успех оваа сезона.

Дали е вистина дека си имал понуди од некој други тимови, но сепак си останал во Вардар?
–  Па ете искрено да кажам значи вака: секогаш кога се пишува нешто мора да има и вистина. Три дена пред  крајот на преодникот рок во Англија, ми се јавија неколку менаџери од Англија (сериозни менаџери) каде што ми пуштија неколку понуди на мојот меил сериозни менаџери, но јас сум во Вардар само 6 месеци, сакам да останам овде, затоа што тоа што го посакував ВАРДАР ми го овозможи. Така да имав две понуди од Англија, тоа беа Квинс Парк Ренџерс и уште една екипа, но јас отворено им кажав дека има уште два дена и тоа е тешко да се направи, за два дена не може да се завршат многу работи, не е само до мене, се прашува и управата,  но засега сакам да останам во Вардар! а за понатаму ќе размислуваме, но ви кажав, сакам да остана овде, тука сум само 6 месеци и сакам да играм уште во Вардар, а за понатаму ќе видиме што ќе се случи.

(Дел од интервјуто на Попов за Вардар ТВ).