Ракометарите на Вардар вечерва заминуваат за Букурешт, каде утре ќе го одиграат последниот натпревар за оваа календарска годнина. Во рамките на 13.коло од СЕХА-лигата гостуваме на екипата на Стеауа од Романија, која веќе еднаш ја совладавме, на домашен терен кога славевме со резултат 27:21.
Вардаровата експедиција во 19:00 часот има авионски лет за Букурешт, каде се очекува вечерва да пристигнат во главниот град на Романија, каде утре ги очекува меч од СЕХА-лигата. На овој дуел ќе настапиме без Кристопанс, како и од поодамна повредените, Горбок, Борозан и Фереира.
Мечот утре по македонско време започнува во 17:15 часот, со директен пренос на МРТ и Арена Спорт 2.