Вардар ја има првата желба за зимскиот преоден рок. Станува збор за одличниот играч на Македонија ЃП Леовигалдо Жуниор Жунињо, кој оваа зима би можел да се пресели кај црвено – црните.
Жунињо е еден од најдоборите играчи оваа полусезона во ПМФЛ, ги одигра сите 18 натпревари за Ѓорче а и го исфрли Вардар од Купот на Македонија со одличните асистенции.
Но, од друга страна, Жунињо има договор со сегашниот тим, па доколку Вардар сака да го доведе во својте редови ќе треба убаво да се “испоти”.
Фото: Кочо Сотировски