Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пораз на отварањето на турнирот “Локомотива Куп„ за кадетите на РК Вардар, лошото второ полувреме придонесе за пораз од селекцијата на Израел
Пораз на отварањето на турнирот “Локомотива Куп„ за кадетите на РК Вардар, лошото второ полувреме придонесе за пораз од селекцијата на Израел

Пораз на отварањето на турнирот “Локомотива Куп„ за кадетите на РК Вардар, лошото второ полувреме придонесе за пораз од селекцијата на Израел

Кадетите на РК Вардар со пораз стартуваа на турнирот “Локомотива Куп„ кој се игра во градот Брчко (БИХ). Избраниците на Будимир и Станковски загубија од поискусната селекција на Израел.

Селекцијата на Израел прва го отвори резултатот, а црвено-црните после три неискористени напади успеваат да реализираат преку левото крило, Ненад Димитријевски, кој погоди после одлична акција со Чакалиќ. Претходно можевме да постигнеме гол, но Чакалиќ ја погоди само стативата од нашиот гол. До крајот на првото полувреме видовме игра гол за гол на двете страни и ниту една од екипите немаше поголема предност од еден гол разлика, иако вардарци имаа два неискоритен напади за да се одлепат на позитива од два погодоци.По првото полувреме имавме водство од 6:7, од кои четири голови постигна Чакалиќ, додека по еднаш во листата на стрелци се запишаа и Димитријевски, Савревски и Грујовски. На голот солиден беше и Давид Стојкоски кој стигна до неколку интервенции.

После два наши неискористени напади во вториот дел, Израел за кратко време направи резултатски пресврт. Наместо ние да се одлепиме на 2-3 гола, му дозволивме на противникот да влезе во серија од 3:0 и да поведе со 7:9. По пет минути игра во второто полувреме лошата серија ја прекина Грујовски кој со својот втор гол намали на 8:9. Сепак избраниците на Будимир немаа сили за неизвесно второ полувреме. Голем пад на концетрацијата и многуте технички грешки, фрлени топки во аут придонесоа за на крајот да бидеме поразени и со поголема разлика. Селекцијата на Израел влезе во нова серија од 1:4 и поведе со највисоки четири голови (9:13) на средината од вториот дел. Како се ближеше крајот растеше предноста во корист на Израел, кој на крајот слави победа изразена со резултат 12:18.