Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Првата желба на Вардар е Жунињо!

Првата желба на Вардар е Жунињо!

45103415_2206150319655213_9027685552958210048_n

Вардар ја има првата желба за зимскиот преоден рок. Станува збор за одличниот играч на Македонија ЃП Леовигалдо Жуниор Жунињо, кој оваа зима би можел да се пресели кај црвено – црните.

Жунињо е еден од најдоборите играчи оваа полусезона во ПМФЛ, ги одигра сите 18 натпревари за Ѓорче а и го исфрли Вардар од Купот на Македонија со одличните асистенции.

Но, од друга страна, Жунињо има договор со сегашниот тим, па доколку Вардар сака да го доведе во својте редови ќе треба убаво да се “испоти”.

Фото: Кочо Сотировски