Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар на зимски подготовки во топлата Анталија

ФК Вардар на зимски подготовки во топлата Анталија

Како што пишавме на нашата фан страна пред месец стигна потврда дека ФК Вардар повторно и годинава подготовките за пролетната полусезона ќе ги има во турскиот град Анталија.

ant

ФК Вардар повторно ќе ја темпира формата во овој топол Југо-Западен Турски град познат по поволната клима за подготовки и големиот број на достапни капацитети за фудбалските тимови.Анталија за време на  зимата е домаќин на многу тимови од Балканот и Источно Европа  кој бегајќи од зимските услови во својте земји за локација го бираат овој познат туристички реон во Република Турција. Искуствата од минатите години кога Вардар имаше одлични подготовки резултираа да повторно се одбере токму оваа локација .Тимот првиот собир го има на 10 јануари во главниот град каде по по одработувањато на почетните активности ќе замине на 21 јануари за Анталија каде безмалку цел месец ќе се подготвува за стартот на  втората фаза од првенството кој е закажан за почетокот на месец март. Се уште не се дефинирани противниците со кој Вардар  ќе ја темпира формата од големиот број на тимови кој се во Турција на подготовки. Но се очекува да се одиграат голем број на тест-мечеви во кој тренерот Андреев ќе го воигра тимот на кој се приклучиа неколку нови имиња во текот на зимскиот преоден рок. Вардар напролет го чека голема битка во домашното првенство за освојувањето на титулата која е единствен фокус по испаѓањето од купот по двомечот со Тетовска Ренова .Вардар засилен со нови имиња и голем елан ќе се обиде да го освои првиот трофеј откако г-нот Сергеј Самсоненко стана сопственик на најтрофејниот фудбалски колектив во земјава.

29.12.2014

 

Leave a Reply