ФК Вардар ги изненади својте најмлади членови “петлињата“ а кои припаѓат на генерациите од 2003 до 2008 година со новогодишни пакетчиња. Клубот реши да ги мотивира најмладите вардарци со пригоден поклон по повод Новата 2015 година и на помошното игралиште зад Арената “Филип Втори“ им врачи 150 пакетчиња што предизвика голема радост кај најмалите генерации од фудбалската школа на Вардар. На свеченоста присуствуваа г-н Митев како директор на младинската школа на ФК Вардар заедно со координаторот на младинските екипи Саше Милошевски и спортскиот директор на клубот Гоце Седлоски. Со овој чин Македонскиот бренд ФК Вардар покажа дека се грижи за сите категории на фудбалери за мотивирање на истите ,а особено за најмалите кој се база за создавање и регрутирање на идните Македонски фудбалски звезди и Вардарови првотимци . Нека им е среќна Новата 2015година на “петлињата“ им посакуваме и многу успех во натпреварите во црвено-црниот дрес.
Фото:фквардар.мк