Tuesday ,28 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките и кадетките на Жрк Вардар го завршија првиот дел од сезоната.
Младинките и кадетките на Жрк Вардар го завршија првиот дел од сезоната.

Младинките и кадетките на Жрк Вардар го завршија првиот дел од сезоната.

Младите надежи на Жрк Вардар СЦБТ го завршија првиот дел од сезоната, со учинок од 6 победи и 3 порази.

Победи се забележани во натпреварите против Жрк Куманово,Гжрк Стружанка,Рк Велкова 5,Жрк Пелистер 2012,Рк Жито Прилеп,Жрк Преспа Нова и Рк Ѓорче.

Младинките беа поразени од Рк Металург,од вториот тим на Вардар и од екипата на Гжрк Стружанка.

Се очекува во јануари да настапат на турнир,кој ќе се одржи во Скопје.

Кадетките на Жрк Вардар ја завршија полусезоната со 4 победи и еден пораз,и се наоѓаат на првото место на табелата.

Двете екипи ги предводат Благојче Весиќ и Билјана Пецевска.

Leave a Reply