Екипата на Рк Вардар со победа ја заокружи оваа година во Ј.Сандански каде беа подобри од екипата на Борац,со резултат 36:31.Иако влегоа отпуштено во натпреварот,момците на Раул Гонзалес сепак не го потценија противникот.Играа колку што требаше за да забележат уште една нова победа во ова натпреварување.Предноста од 2-3 гола,ја одржуваа во текот на целиот прв дел.На полувреме се замина со резултат 14:12.
На почетокот на второто полувреме,Вардар успеа да се одлепи на поголема разлика.Со голот на Шишкарев во 35 минута,имаат водство од 19:13.Оваа разлика се движеше во текот на целото второ полувреме,за на крај да се забележи победа.
На овој натпревар,шанса на голот доби Страхиња Милиќ кој паузираше поради едномесечна суспензија.Милиќ имаше одлично издание на голот,и забележа 16 одбрани.Втор натпревар по ред,Стефан Терзиќ е најдобар стрелец во редовите на Вардар постигнувајќи 8 гола.Руските интернационалци,Горбок и Шишкарев постигнаа по 6 гола.На табелата во регионалната лига,Вардар се наоѓа на второто место со 8 победи и два порази.
Ова е последен натпревар за оваа година во Јане Сандански.Следниот меч,Вардар би требало да го одигра против Нексе,кој ќе биде последен за оваа година.
13.12.2014