Вардар забележа победа во дербито во Сеха-лигата,против екипата на Металург.Натпреварот се одигра во С.Ц.Борис Трајковски.Црвено-црните имаа постојано водство,и на крај забележаа заслужена победа со резултат 20:26.
Само во првите пет минути тимот од автокоманда беше достоен противник,кога резултатот беше израмнет.Можеби клучната предност Вардарци ја остварија во моментите кога направија серија од 0:5,а во која Металург десет минути не успеа да постигне погодок.Во 14 минута резултатот гласеше 2:7.До крајот на првото полувреме,успеаа да ја одржат стекнатата предност во првите 15 минути.На пауза се замина со резултат 10:14.
Второто полувреме со гол го отвори најефикасниот играч на овој натпревар.Стефан Терзиќ ја оправда довербата на Раул Гонзалес,и беше најдобар поеднинец на овој меч.Најголемата предност,Вардар ја има во 35 минута кога поведе со високи 10:17.Ракометарите на Металург немаа одговор за одличниот на голот Петар Ангелов,кој го бранеше целиот натпревар.Горбок беше одлична поткрепа за расположениот Терзиќ,кои беа најефикасни на овој натпревар.Единствено што успеа домаќинот да направи на овој дуел е да ја намали предноста на четири гола во 52 минута.Сепак немаа сили за нешто поголемо,па на крајот Вардар забележа победа.Ова е втора победа сезонава за Вардар,во меѓусебните дуели со Металург во регионалната лига.
Иако добија само 100 карти од домаќинот на овој натпревар,сепак Комити беа оние кои беа најгласни.Во текот на сите 60 минути со непрекината подршка го водеа својот тим кон нова победа.
Стефан Терзиќ постигна 10 погодоци,го следеше Горбок со 7 гола.Ангелов беше брилијантен на голот забележувајќи 18 успешни одбрани.
10.12.2014