Рутинска победа за црвено-црните на гостувањето во Русија.Иако не беше лесно,сепак Вардар впиша два нови бода со кои остануваат на втората позиција во групата Ц.
Домашниот тим го отворија мечот со погодок.Во првите 15 минути следиме изедначен натпревар со менување на водството на двата тима.До крајот на првото полувреме следи доминација на Вардар.Во 26 минута со голот на Прибак,поведуваат со 14:17.Еден од порасположените за игра на овој дуел,Горбок погодува за најголема предност од 15:19 во 28 минута.Чеховски Медведи постигнува гол,со што на полувреме се замина со три гола предност за Вардар.
Во второто полувреме следи многу подобра игра на Рускиот тим.Во 40 минута успеваат да го израмнат резултатот на 24:24.Игор Карачиќ повторно ја враќа предноста за својот тим,но само за кратко.Следи пресврт на мечот во кој домашниот тим успеа дури и да поведе.Сепак Вардар го засилува темпото на игра во последните 15 минути.Илија Абутовиќ го постигнува својот прв гол оваа сезона во Лигата на Шампионите,за ново водство на Вардар.Во продолжение од мечот,само се зголемуваше предноста.Тоскиќ и Шишкарев погодуваат за мирен финиш на натпреварот.Македонскиот репрезентативец,Стоилов со својот прв погодок на овој меч,ја потврди победата.Конечниот резултат гласеше 34:39 во корист на Вардар.
Игор Карачиќ беше најефикасен со 8 гола.Горбок и Тоскиќ постигнаа по 5 гола.И по ова коло Варрдар останува на второто место во групата Ц,со вкупно 11 бодови.Следи Рајн-Некар Ловен со 10,и Монпеље со 8 бода.
Ова е последен натпревар за оваа година во ЛШ за Вардар.Следниот меч е дури на 14 фебруари следната година,кога ја пречекуваме екипата на Монпеље во Ј.Сандански.
06.12.2014