Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Рк Вардар им се врати на победите во ЛШ.

Рк Вардар им се врати на победите во ЛШ.

Во еден цврст и тежок натпревар,екипата на Вардар успеа да забележи многу важна победа против екипата на Целје П.Л.Со оваа победа,вардарци се наоѓаат во одлична позиција за задржување на второто место во групата по нејзиното завршување.Како и што најавија играчите и стручните штабови од двете страни дека овој меч ќе биде многу неизвесен и пред се квалитетен за гледање.

Црвено-црните одлично го започнаа мечот со предност од 2:0,со феноменален гол на Дибиров од бековска позиција.Целје и на овој меч покажа дека се работи за многу квалитетна екипа,за која сериозно треба да ја сфатат сите противници.Во 9 минута,имаме прво израмнување со голот на хрватскиот интернационалец Слишковиќ.Гостите од Словенија во 12 минута го имаат првото и единствено водство на овој меч,поведуваат со 7:8.За само 90 секунди,Вардар постигнува три гола во серија за преземање на резултатот во своја корист.Гледаме брз ракомет на двете страни,со многу голови од двата тима.Тимур Дибиров непогрешлив од седум метри,за задржување на водството од три погодоци.На полувреме се заминува со резултат 19:17.

IMAG0179

Второто полувреме го отвараат повторно Вардар со гол.Во 36 минута,следи интересен момент.Игор Карачиќ се обиде со атрактивен потег да постигне гол,но сепак пречката беше сојузник на противничкиот голман.Како течеше мечот,стануваше се понеизвесен.Целје повторно се доближува на само еден гол негатива.Сергеј Горбок во тие моменти е најрасположен за игра кај Вардар,постигнувајќки голови и од тешки позиции за шут.При резултат 29:26 и двајца играчи повеќе,не успеваме да направиме поголема разлика.Сепак во следните минути успеваме да стигнеме до најголемата предност 32:27 во 53 минута,која беше доволна да се забележи нова победа.До крајот гостите успеаа да намалат на само два гола разлика,за конечни 34:32.Вардар како и на овој натпревар ја имаше огромната подршка од своите најверни Комити,кои докажуваат дека се најдобра ракометна публика во Европа.

Најефикасни беа Дибиров со 7 гола,Карачиќ постигна 6.Тоскиќ и Горбок имаа одличен натпревар со по 5 постигнати гола.Следен натпревар е во Русија,против екипата на Чеховски Медведи.

29.11.2014

Leave a Reply