Еден од најсериозните кандидати за највисок пласман оваа сезона,екипата на Веспрем пред 5.500 гледачи го пречека Вардар.
Натпреварот во првиот дел течеше лесно и надмоќно за домаќинот.По само десет минути играа унгарците имаа предност од +4,па така до крајот на првиот дел ја зголемуваа предноста која на полувреме гласеше 16:10
Во вториот дел Вардарци ги консолидираа своите редови,почнаа да играа подобар ракомет,направија неколку убави акции,ја смалија предноста на три до четири гола,но тоа не беше доволно да се стигнат шесте гола од првиот дел.
Во унгарскиот шампион Момир Илиќ постигна (8) погодоци,Цаиц (7) во нашиот тим Прибак беше најрасположен за игра со (4) гола,исто така по четири дадоа и Дибиров и Душебаев.
22.11.2014