Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Рк Вардар ја продолжува победничката серија,падна и Словачкиот шампион.
Рк Вардар ја продолжува победничката серија,падна и Словачкиот шампион.

Рк Вардар ја продолжува победничката серија,падна и Словачкиот шампион.

Момците на Раул Гонзалес продолжуваат со одличните настапи,забележувајќи нова победа против екипата на Татран Прешов.

Сериозниот пристап кон играта,црвено-црните го покажаа уште од почетокот кога поведоа со 5:0 во 6 минута.Тимур Дибиров беше во вниманието во овие моменти постигнувајќи три гола.Првиот погодок за гостинската екипа следи дури во 8 минута.Разликата стекната во првата половина од полувремето беше клучна на пауза да се замине со предност од шест гола.На голот го имавме одличниот Штербик кој имаше одлични интервенции.На полувреме се замина со предност на Вардар 18:12.

Вториот дел започна со погодок,нов за Дибиров зголемувајќи на 19:12.Најголемата предност Вардар ја достигнува во 38 минута,поведувајќи со 24:15.До крајот на натпреварот,единствено што успеа Татран е да ја намали разликата,но недоволно за да се победи Вардар.

Тимур Дибиров повторно имаше одличен натпревар,постигнувајќи 10 гола од 11 обиди.Прибак и Терзиќ додао по 4 гола.Арпад Штербик имаше 14 одбрани зад своето име.

Ова беше вкупно седма победа за црвено-црните во Сеха-лигата,со самоеден пораз од екипата на Веспрем.На табелата Вардар и Веспрем се одвојуваат на табелата од останатите екипи,а мтокму овие два тима ќе ги одмерат силите и во Лигата на Шампионите на 15 ноември во С.Ц.Јане Сандански.Претходно Вардарци ги очекуваат нов настап во Сеха-лигата ,против екипта на Брест Мешков.Мечот е предвиден да се игра на 8 ноември во Белорусија.

24.10.2014

Фото:рквардар.мк

Leave a Reply