Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Ви ја преставуваме екипата на Татран Прешов,следниот противник на Вардар во Сеха-лигата.
Ви ја преставуваме екипата на Татран Прешов,следниот противник на Вардар во Сеха-лигата.

Ви ја преставуваме екипата на Татран Прешов,следниот противник на Вардар во Сеха-лигата.

Нема одмор за ракометарите на Вардар,веќе во петок ги очекува нов натпревар против секогаш незгодниот противник,екипата на Татран Прешов од Словачка.Минатата сезона Татран беше учесник на Ф4 во Војводина,каде во полуфиналниот меч беше поразен од екипата на Брест Мешков.На табелата во регуларниот дел беа на првото место,забележувајќи 15 победи и 3 порази.Од оваа сезона имаат нов тренер во името на Давид Петер.

Клубот од Прешов го засилија Михаел Копчо,Радован Пехар и Васја Фурлан.Замина еден од најдобрите поединци,Жарко Марковиќ во екипата на Данкерк.Во Националното првенство се без конкуренција во последниве години ,и немаат некој посериозен противник.
Имаа шанса и за настап во ЛШ оваа година,но на кфалификацискиот турнир кој се играше во Белорусија во решавачкиот меч беа поразени од Брест Мешков.Претходно во полуфиналниот натпревар беа подобри од екипата на Војводина.

Подготовките пред сезоната се одвиваа во Полска и Германија каде одиграа и неколку подготвителни натпревари.

-Подготовки во Полска:
1.Горник Забрзе-Татран Прешов 24:30
2.Татран Прешов-Горник Забрзе 31:36
3.Стал Миелец-Татран Прешов 25:27
4.Татран Прешов-Стал Миелец 22:31

-Подготовки во Германија:
1.Татран Прешов-Балинген 25:28
2.Битенфелд-Татран Прешов 37:26
3.Татран Прешов-Гумерсбах 26:29

Екипата на Татран настапи на турнирот “Добој“ каде го освои првото место.

1.Татран-Металопластика 30:20
2.Дервента-Татран 18:44
ФИНАЛЕ:Татран-Азоти Пулави 30:24

Во Сеха-лигата до ова коло,ги имаат постигнато следиве резултати:
1.Металург-Татран 34:28
2.Татран-Веспрем 29:32
3.Загреб-Татран 21:25
4.Татран-Војводина 36:30
5.Татран-Борац 42:20
6.Нексе-Татран 26:27

Натпреварот се игра во петок во С.Ц.Јане Сандански со почеток од 20:15.

23.10.2014

Leave a Reply