Нова рутинска победа за Вардар во Сеха-лигата,против екипата на Раднички од Крагујевац со резултат 39:33.Вадар го контролираше целиот натпревар,освен почетното и единствено водство за гостинскиот тим.
Во составот за овој натпревар се најдоа и крилните играчи,Владо Недановски и Влатко Јовчевски.Раул Гонзалес реши да им даде шанса на овие двајца ракометари,кои беа дел од првата екипа минатата сезона,а сега членови на вториот тим на Рк Вардар.Своите минути максимално ги искористија и Алексеи Растворцев,и Стефан Терзиќ кој остана единствено решение на позицијата десен бек,после повредата на Душебаев на мечот со Монпеље.Токму со голот на Терзиќ во 9 минута,Вардар има најголемо водство во тие моменти со 7:3.Оваа разлика од четири гола,Раднички успева да ја одржува се до 25 минута.Потоа следи една серија од 6:1 на Вардар,за да замине на полувреме со голема предност од 21:13.
Во второто полувреме Филип Лазаров имаше одлични моменти,заедно со Терзиќ и Растворцев ја полнеа мрежата на противникот.На крајот,екипата на Раднички успеа да се избори за достоен пораз.Мечот заврши со резултат 39:33.
Најефикасни во редовите на Вардар беа Терзиќ со 7 постигнати гола.Следат Лазаров и Брумен со 6,и Растворцев со вкупно 5 постигнати гола.Во листата на стрелци се запишаа и Недановски кој постигна 3,и Јовчевски со 2 гола.
Следен натпревар за Вардар е веќе во петок во истава сала,кога доаѓа секогаш незгодниот противник,екипата на Татран Прешов.
22.10.2014