После натпреварите од Лигата на шампиони,црвено-црните се враќаат со настапи во Регионалната лига.Следен противник е екипата на Раднички(Србија).
Тимот е речиси ист од минатата сезона,со неколку нови ракометари и само еден заминат играч.Главен тренер е Недељко Вучковиќ,а негов помошник е Младен Ољача.
Од оваа натпреварувачка сезона нови имиња во клубот од Крагујевац се:Игор Арсиќ,Милош Продановиќ,Богдан Медуриќ,Страхиља Симиќ,Филип Вујовиќ,Лука Радовиќ и Слободан Ервачанин.Единствен кој го напушти клубот е Крсто Милошевиќ.
Главните подготвителни натпревари им се одвиваа во Романија.
-“Политехника Куп“
1.Темишвар-Раднички 36:27
2.Баку-Раднички 40:27
Одиграа уште два натпревари со романска екипа.
1.Раднички-Targu Jiu 31:28
2.Targu Jiu-Раднички 34:28
Во Регионалната лига до овој натпревар ги остварија следниве резултати.
1.Раднички-Војводина 24:24
2.Раднички-Борац 29:27
3.Металург-Раднички 35:22
4.Нексе-Раднички 29:23
5.Мешков Брест-Раднички 29:28
6.Борац-Раднички 34:32
Натпреварот со Раднички се игра во среда со почеток од 20:15 во С.Ц.Јане Сандански,каде се очекува Вардар да ја продолжи победничката серија.
21.10.2014