Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на РК Вардар во топ-8 екипи на турнирот во Илинден
Пионерите на РК Вардар во топ-8 екипи на турнирот во Илинден

Пионерите на РК Вардар во топ-8 екипи на турнирот во Илинден

Денес на меѓународниот турнир во населба Илинден, пионерите на ракометниот клуб Вардар во 1/4-финалето се сретнаа со тимот на РК Аеродром. Момците на Зоран Петковски-Зенга и Никола Бисинов кои играа во повозрасна категорија се бореа машки сепак мораа да се помират со пораз. Тие на оваа средба беа совладани со резултат 18-12 (8-7). Сепак пласманот во топ-8 екипи на вака масовен турнир е голем успех, исто така за запомнување се и трите победи од групата.

2

Добро влеговме во мечот поведувајќи со голот на Трифуновски Виктор со 1-0. Тимот на РК Аеродром кој беше повозрасен од нашиот колектив успеа да направи серија 0-4 и се одлепи на три плус, 1-4. Сепак тренерот Зоран Петковски им даде имплус од клупата, вардарци почнаа со игра 7 на 6 која даде плод. Сега ние бевме во налет и ние направивме иста таква серија 4-0 со која поведовме со 5-4. Трифуновски погоди три пати, апак Анакоевски Никола еднаш, сепак мора да се напомене и голманот, Никола Спасовски кој имаше 4 одбрани од кој една двојна, сето ова “кумуваше“ на пресвртот.  Противникот успеа да се врати во игра најпрвин иззедначи на 6-6 потоа поведе со 6-7. На одмор заминавме со гол негатива 7-8.

4

Вториот дел почна со два врзани гола на ривалот со кои поведоа со 10-7, веднаш со одличен соло продор врати Петрушевски Андреј кој намали на 10-8.  Големиот број на натпревари за само два дена односно одиграни пет дуели, средба со тим кој е повозрасен од себе недозволи нашите млади момци кои само една полусезона фунционират како тим да може да се вратат во игра.  Нашите момци дадоа максимум на средбата тоа е поважно од крајниот исход на истата. Противникот на искуство се одлепи и дојде до победа со резултат 12-18.

5

Кај нас на ова средба Трифуновски Виктор имаше 4 гола, гол помалку имааше Петрушевски Андреј, додека  Петковски Христијан и Анакиевски Никола имаа по два погодока. На голот одлична партија прикажа и Никола Спасовски.