Девојките на женската ракометна црвено – црна секција вчера попладне пристигнаа во македонскиот бисер-Охрид. Таму тие од вчера па се до петок ќе имаат мини подготовки и воигрувања.
Тие се сметени во хотелот Инекс Горица, тие ќе имаат по два тренинга во текот на денешниот и утрешниот ден ,а во петок ќе одржат само утрински тренинг пред враќањето за Скопје. Овие подготовки се со цел воигрување пред сериозните три тест дуела во скопје со националниот тим на Данска. Тие ќе се играат на крајот на тековниов месец , според предвидениот план гостинките ќе пристигнат во нашиот главен Град на 25 септември.
Како што ве известивме денес најдобрата младинска репрезенативка Сара Ристовска досегашен член на ЖРК Металург е нов член во нашиот црвено- црн женски ракометен шампион и таа со остатокот од тимот замина за Охрид.