Младинската репрезентација на Словенија која е актуелен Европски шампион во периодот од 17-19.јануари ќе учествува на силен меѓународен турнир.
Селекторот на Словенија го објави списокот на ракометари, на кои ќе смета за претстојниот турнир, кој е подготовка за настапот на Светското младинско првенство кое оваа година ќе се одигра во Шпанија. На списокот на повикани играчи очекувано се најде и играчот на Вардар, се работи за Грегор Оцвирк, кој е еден од предводниците и најзаслужните за освоениот златен медал на ЕП кое се одржа токму во Словенија.
Противници за Словенија на турнирот во Унгарија, ќе бидат селекциите на Чешка, Србија и домаќинот на турнирот.