На манифестацијата организирана за најуспешните во изминатата година од страна на Градот Скопје градоначалникот г-нот Коце Трајановски им додели признанија на неколкумина поединци од големото црвено-црно семејство и на тимот на Жрк Вардар.Оваа манифестација и изборот на наградените Градот Скопје ја направи во соработка со Сојузот на спортови. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, Претседателот на Советот на град Скопје Ирена Мишева и советниците во Советот на Град Скопје, членови на Комисијата за спорт и млади им ги доделија признанијата на добитниците . Овие признанија само покажаа дека големите вложувања на сопственикот на двете ракометни секции на Вардар и фудбалскиот тим г-нот Сергеј Самсоненко и резултатите кој ги постигнуваат на домашната спортска сцена , а особено на Европската не останаа не забележани од градските власти . Признанија за најуспешни во изминатата 2014 година од Градот Скопје се доделени вака:
- Жрк Вардар -Најдобар тим во 2014година.
- Индира Кастратовиќ-Најдобар тренер
- Јулија Николиќ- Најдобри 10 сениори
- Тимур Дибиров – Најдобар странски играч во Град Скопје
- Столе Стоилов-признание за еден од 10 најдобри Сениори
- Ј.Асани -признание за еден од 10 најдобри Сениори