Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > “Арачлиите“ од ФФМ го казни со нови 500евра Вардар и Ромеро со три меча суспензија
“Арачлиите“ од ФФМ го казни со нови 500евра Вардар и Ромеро со три меча суспензија

“Арачлиите“ од ФФМ го казни со нови 500евра Вардар и Ромеро со три меча суспензија

Фудбалската федерација на Македонија продолжува со ригорозното казнување на Вардар и понатака. Федерацијата место фудбалска се претвори во казнена установа.

За мечот во Кочани кога гостувавме кај ФК Брегалница нашиот тим е казнет за недолично однесување т.е. пеење на песни и скандирања со навредлива содржина. Овој пат износот кој треба да го платат црвено – црните на федерацијата е 500 евра во денарска противвредност. Исто така и фудбалерот на вардарци мексиканецот Ромеро е ригорозно казнет за црвениот картон со ФК Хоризонт Турново со три меча суспензија во првенството и купот на Македонија. Навистина нема што да се коментира за однесувањето на луѓето од федерацијата постојано на тапет им е Вардар и навивачите. Вчера исто така ФФМ донесе одлука за супер-куп дуелот со Работнички да приложуваат лични карти при купување на билетите за истиот како да станува збор за меч од висок ризик што не е воопшто така бидејќи ниеден дуел помеѓу двата градски ривали во нивната историја не бил дуел од висок ризик досега а така ќе биде и во иднина.