Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Милосављев правеше „чуда“ на голот, Србија загуби од Бразил
Милосављев правеше „чуда“ на голот, Србија загуби од Бразил

Милосављев правеше „чуда“ на голот, Србија загуби од Бразил

Српската ракометна репрезентација и после третиот натпревар не успеа да стигне до победа на Светското првенство кое се игра во Германија и Данска.

Избраниците на Ненад Перуничиќ добро го започнаа натпреварот и поведоа со 3:2, но вообичаено за србите на мундијалот следеше голем пад во нивната игра, дозволувајќи му на Бразил во следниот период да направи серија од 0:6 и да поведе со 3:9. Ова беше клучно за по првото полувреме, кариоките да заминат со позитива од четири голови. После 20 минута на голот на Србија застана Дејан Милосављев кој успешно го замени Веркиќ. Благодарение на неколку негови одбрани, селекцијата на Србија до истекот на првите 30 минути успеа да намали на 11:14.

Голманот на Вардар беше на голот на Србија и во текот на целото второ полувреме, но неговите одбрани не им помогнаа на неговите соиграчи да стигнат до триумф. Србија го стартуваше вториот дел со гол и намали на само два гола негатива (12:14). Секогаш кога на србите им се даваше шанса да намалат на еден гол негатива, или промашуваа удар, или голманот на Бразил успешно бранеше. Во 40 минута, Милосављев стигна до својата шестта одбрана и имаше 50% на успешни интервенции. Сепак избраниците на Перуничиќ не се предаваа и се обидуваа да го внесат мечот во резултатска неизвесност, додека Бразил постојано одржуваше позитива од 2-4 голови. Во 54 минута откако Илиќ беше фаулиран, беше досуден седмерец за Србија, истиот го реализира Немања Илиќ кој намали на само еден гол негатива (21:22), истовремено Милосављев ја забележува својата деветта одбрана. Ако Србија победеше, дефинитивно јунак ќе беше Милосављев кој спречи зицер удар на бразилците, односно одбрани контра напад на противникот и ја остави неговата репрезентација дека може да се надева барем на бод од овој дуел. Вардаровиот голман стигна и до својата десетта одбрана, но неговите соиграчи прават почетнички грешки, што им овозможи  на Бразил да поведе со 21:23. Србија успеа да намали во следниот напад, но не успеа да се одбрани во последниот напад на Бразил, кој погоди и ги постави конечните 22:24.

Милосављев беше одличен на голот, мечот го заврши со вкупно 10 одбрани. Со овој триумф Бразил ги зголеми, а Србија ги намали шансите за пласман во следната фаза.