Македонската репрезентацијата У-19 издвојува сигурна и убедлива победа од 4:1 над селекцијата на Босна и Херцеговина на тест-дуелот одигран на стадионот во Ѓорче Петров. Капитенот на оваа селекција и играч на ФК Вардар Петар Петковски одигра одлична средба.
Петар Петковски погоди еднаш во противничката мрежа и еднаш асистираше на оваа пријателска средба. Тој за првиот гол одлично се снајде во 16-те метри на босанците мина двајца свој врсници од гостинскиот табор и го проигра Валентин Кочовски кој стрелаше за 1-0. Петар имаше неколку убави шанси во овој меч кој не ги реализираше. Сепак во 56 минута од пенал стрелаше силно во долниот десен агол на голманот Спахиќ за 4:1. Видео од дуелот со БиХ во продолжение.
Фото:фквардар.мк,Видео:вардарфанс.мк