Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Томе Пачовски: Со Седлоски сме нова екипа, тој ни наметна победнички менталитет
Томе Пачовски: Со Седлоски сме  нова екипа, тој ни наметна победнички менталитет

Томе Пачовски: Со Седлоски сме нова екипа, тој ни наметна победнички менталитет

Капитенот на Македонската А-селекција и голман на ФК Вардар во пресред на Супер-куп дуелот со романтичарите даде изјава за сајтот на ФФМ. Тој во истата го дава своето видување за овој дуел кој носи пехар ,Пачовски вели:

Ќе биде многу тежок и неизвесен натпревар, како и сите дуели со Работнички. Нашиот противник има многу добри играчи кои што се покажаа во Европа, и добија повик во репрезентацијата. Очекувам добар меч и ги повикувам сите љубители на фудбалот да дојдат на стадионот и да не бодрат. Секоја чест за Работнички и за успесите во Европа каде што стигнаа до четвртото коло, што не е мала работа за еден македонски тим. Меѓутоа ние се подготвуваме за овој предизвик, и се надевам дека подготвени ќе го дочекаме натпреварот.

Пачовски понатака во изјавата за сајтот на фудбалската федерација на земјава дава оценки на шансите за освојување на пехарот од Супер-купот на двата тима, тој вели :

Желбата е присутна и кај двата тима. И играчите на Работнички го сакаат пехарот, и играчите на Вардар. Ќе биде интересен и натпревар, и ништо нема да се знае до самиот крај. Зошто Вардар да го освои пехарот? Затоа што мислам дека имаме многу добри и искусни играчи кои имаат многу натпревари и во странство и во домашното првенство. Имаат одиграно потешки натпревари. Исто така по превземањето на клупата од Гоце Седлоски сме целосно нова екипа. Имам големи пофалби за новиот тренер, кој што ни наметна победнички менталитет. Без разлика на сето тоа, ќе победи оној што има повеќе желба да дојде до пехарот. Нема да се знае ништо до крај. Се игра еден натпревар на кој се е можно.

фото:ффм.мк