Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Вардар вчера го “преслуша“ и КК Работнички
КУГЛАЊЕ! Вардар вчера го “преслуша“ и КК Работнички

КУГЛАЊЕ! Вардар вчера го “преслуша“ и КК Работнички

Вчера нашите момци од кугларскиот колектив во  кугларницата при Спортскиот Центар Борис Трајковски во Скопје се сретнаа на  тест-дуел со тимот Работнички. Ова беше втор тест-меч во подготовките за НБЦ-купот и нормално издвојувана е и втората победа .

За напомена е дека и двата тима се преставници на земјава во европските кугларски купови. Тимот на КК Работнички е македонски преставник во кугларскиот “Европа Куп“ а нашите момци ќе се натпреваруваат во НБЦ-купот кој ќе се одигра во Австрија. Црвено –  црните вчера го завршиа дуелот со вкупен резултат од 3.567 соборени кегли што е за 144 кегли подобро остварување од првата контролка. Оваа победа е уште еден реален показател дека формата иде во нагорна линија особено ако се земе во предвид дека и во првиот дуел   во кугларницата “Мусандра“  со тимот на КК ГТЦ -Скопје кој исто така е мак.преставник во  НБЦ Купот нашите момци победија со   соборени 3.423 кегли ,а имаат зад себе шест најдобри резултати од осум. Вчера повторно трите позиции за најдобар скор во нашиот тим како и на првиот пријателски дуел беа резервирани за “ударното трио“ Димитар Д.- Влакевски-Дарко Д, вардарците на вчерашната контролка ги постигнаа овие поединечни резултати:

1.Димитар Димитровски 652
2.Бојан Влакевски 632
3.Дарко Димовски 578
4.Марјан Згонц 574
5.Миле Димковски 570
6.Дане Јакимовски 561
7.Младен Донковски 519
8.Димитровски/Ристевски 519